1 МЕЃУНАРОДЕН СОСТАНОК

Состанокот беше организиран на 9-ти и 10-ти ноември 2021 година од Универзитетот за економија и иновации во Лублин (WSEI). Целта на состанокот беше да се разговара и да се планираат активности поврзани со имплементацијата на проектот ISAAC.

Состанокот го отворија претставниците на WSEI (Клаудија Липко и Магда Јаниак) со презентирање на агендата на состанокот. Состанокот беше во хибридна форма. Претставниците на COFAC COOPERATIVA DE FORMACAO E ANIMACAO CULTURAL CRL, PANEPISTIMIO THESSALIAS и FUNDACION ETEA PARA EL DESARROLLO Y LA COOPERACIÓN учествуваа на состанокот во седиштето на лидерот на проектот, додека претставниците на ПРОФИЦИО Скопје и дел од тимот на FUNDACION ETEA PARA EL DESARROLLO Y LA COOPERACIÓ, зедоа учество на состанокот онлајн.

Партнерите одлучија да го организираат следниот состанок на 15-16.03.2022 година во Лисабон, Португалија. Партнерите исто така се согласија да се состануваат месечно, во првиот вторник во месецот во 10:30 часот по средноевропско време. Целта на месечните состаноци би била да се проверат во пократки периоди тековните работи и да се ублажат можните доцнења.

Галерија од состанокот

Skip to content