Проектот ISAAC доби финансиска поддршка!

Проектот ISAAC„Акција на меѓународните студенти за прилагодување на меѓукултурните активности“ на 1 декември 2020 година доби средства од Полската национална агенција – Фондација за развој на образовниот систем.


Водачот на проектот – Универзитет за економија и иновации во Љубљин, ќе биде одговорен за спроведувањето на ISAAC заедно со партнери од:
1. Португалија- COFAC COOPERATIVA DE FORMACAO E ANIMACAO CULTURAL CRL
2. Грција – PANEPISTIMIO THESSALIAS
3. Шпанија – FUNDACION ETEA PARA EL DESARROLLO Y LA COOPERACIÓN
4. Република Северна Македонија – Proficio Skopje


Во текот на следните 24 месеци, ќе работиме на создавање мрежа за универзитетска соработка, развој на заеднички модел за поддршка на странски студенти и други алатки кои ќе им помогнат да се прилагодат на новата културна средина. Благодарение на овој проект, планираме да ја зајакнеме интернационализацијата на универзитетите од земји помалку привлечни за странските студенти, врз основа на искуството и добрите практики на високообразовните институции од попопуларните земји.
Идејата на проектот е да ги вклучи сите страни одговорни за интеркултурната адаптација на странски студенти во новата средина и заеднички да ги разработуваат најдобрите практики и решенија.
Можности за трансфер: Партнерите планираат да ги користат резултатите од проектот за да создадат трајна партнерска мрежа помеѓу универзитетите. Проектот ISAAC ќе биде основа за развој на понатамошни, посложени механизми и решенија на меѓународно ниво.

Skip to content