2 МЕЃУНАРОДЕН СОСТАНОК

Состанокот го отворија претставниците на COFAC: Ана Куња и Констанца Баросо со презентирање на агендата на состанокот. Состанокот беше во хибридна форма. Сите партнери беа присутни физички. Партнерите се согласија за следниот состанок домаќин да биде Универзитетот во Тесалија во Волос (Argonafton & Filellinon, 38221 Volos) на 14-15 јуни 2022 година.

Партнерите од PANEPISTIMIO THESSALIAS ги презентираа имплементираните задачи, резимето на собирањето податоци од IO1 и планот за следните чекори за интелектуалните аутпути. Беше договорено дека анализата на потребите од IO1 ќе обезбеди основа за матрица на проблеми што треба да се решат во следните аутпути.

Партнерите од COFAC COOPERATIVA DE FORMACAO E ANIMACAO CULTURAL CRL ја претставија презентацијата за IO2, неговата содржина како и временскиот план за следните задачи.

Партнерите од FUNDACION ETEA PARA EL DESARROLLO Y LA COOPERACIÓN го претставија планот за IO3 и содржината испорачана од партнерите.

Партнерите од Универзитетот за економија и иновации во Лублин (WSEI) ја претставија фазата на работа на IO4, заеднички распореди и примери за визуелизација на конкретната тема.

Презентацијата на правилата за управување беше проследена со презентација на Планот за дисеминација од страна на партнерите од Профицио Скопје.

Галерија од состанокот

Skip to content